ФУДБАЛ

Трансфер кој е повеќе од фудбал: Бројката што ќе ја добие Мбапе во никој случај не е нормална

Килијан Мбапе наскоро и официјално треба да стане нов член на Реал Мадрид.

Шпанските медиуми на големо пишуваат дека 23-годишниот напаѓач следната недела би требало да потпише договор за соработка со Реал Мадрид, со што конечно би се ставила крај на сагата околу неговиот потпис.

Дека договорот со Мбапе е готов открива и познатиот трансфер гуру Фабрицио Романо, кој во својата емисија истакна:

„Реал веќе има подготвен договор за Мбапе, но сега зависи од него. Клубот е убеден дека ќе го донесе Мбапе и се подготвени да го направат новото лице на својот клуб од следната сезона“, изјави Романо.

И мадридскиот весник Марка ги донесе бројките кои ќе им припаднат на Мбапе и неговото семејство доколку се потпише договорот, а тие суми навистина не се нормални.

Реал нема да плати никакво обештетување на ПСЖ бидејќи Килијан е слободен играч, но на францускиот велемајстор ќе му биде исплатен бонус за потпис, кој наводно се движи меѓу 60 и 80 милиони евра.

Тоа не е се. Платата на Килијан Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде 25 милиони евра нето годишно и ова е секако еден од најдобрите договори што може да се потпише.

Килијан Мбапе пет години е член на ПСЖ. Настапи на дури 206 натпревари и постигна 157 голови.

Сепак, очигледно е време за збогување и како што стојат работите, Мбапе од следната сезона ќе го гледаме во дресот на мадридските кралеви.