Сантијаго Мурињо според сите нешта ќе биде најновото засилување на Атлетико Мадрид.
Станува збор за млад уругвајски фудбалер кој е роден 2002 година, настапува за Расинг од Монтевидео, а според информациите кои ги има Фабрицио Романо, преговорите напреднале.
Неговата вредност на веб-страницата „Трансфермаркт“ е половина милион евра.
Претседателот на клубот Вашингтон Лисандро го потврди интересот на Атлетико Мадрид.
„Атлетико е најзаинтересиран. Имаше многу повеќе заинтересирани тимови, а Атлетико е најблиску “, рече претседателот.
Така, сигурно е кое ќе биде првото засилување на Атлетико, а ќе видиме и дали овој тип веднаш ќе влезе во првиот тим на „јорганџиите“ или ќе замине на позајмица…
