Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е заинтересиран да го донесе францускиот играч од средниот ред Пол Погба од Манчестер Јунајтед во својот тим.
Погба веќе долго време се поврзува со Реал. Голема желба од Зинедин Зидан кој побара од клубот да го донесе во текот на летото.
Сепак, претседателот на клубот, Флорентино Перез не сака да троши пари на Погба. И наместо Французинот, претседателот сака да го донесе Фабијан Руиз од Наполи.
Првиот човек на кралевите смета дека Руиз ќе биде многу повредно засилување отколку што би бил Погба и јасно му рече на Зидан да не смета дека ќе ја донеси ѕвезда на Манчестер Јунајтед.
Ова наводно доведе до расправија меѓу двајцата, но главниот човек на клубот сигурно ќе го има последниот збор.
Пол Погба, од друга страна, би можел повторно да заврши во Јувентус. Се споменува размена во која е вклучен Миралем Пјаниќ или Пауло Дибала.