ФУДБАЛ

Трансферот на англиската ѕвезда е сосема необичен

Деле Али (25) е нов играч на Евертон.

По речиси седум години минати во клубот, 25-годишниот Али реши да си замине и ќе ги засили ривалите од Гудисон Парк.

Сигурно е интересно што Тотенхем засега остана без никакво обештетување за овој трансфер, а парите ќе им бидат исплатени дури откако ќе се исполнат одредени услови од договорот.

Евертон на Спарс ќе им плати 10 милиони фунти, но откако Али ќе одигра 20 натпревари за новиот клуб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dele (@dele)

Трансферот може да се искачи на 30 милиони фунти. Се зависи од настапот на 25-годишниот играч за врска и успехот на клубот од Ливерпул.

Никој не очекуваше лондонскиот клуб така лесно да се ослободи од Али, кој со години е важен фактор во играта на Спарс.

Али за „петлите“ одигра вкупно 269 натпревари и постигна 67 голови.

https://youtu.be/XnctAmhXHZY

До пред три години беше стандарден репрезентативец на Англија за која одигра 37 натпревари со три постигнати гола.