ФУДБАЛ

Трансферот на Габриел Жесус заврши

Кон средината на оваа недела островските медиуми објавија дека Габриел Жесус ги напушта редовите на Манчестер Сити.

Бразилскиот напаѓач сепак ќе остане на Островот, а веста дека се сели во Арсенал денеска стана уште поважна.

 

Новите вести од Островот велат дека Арсенал заштедил 60 милиони фунти за трансферот на бразилскиот репрезентативец, а истото треба да се финализира на крајот од оваа сезона.

 

Граѓаните на официјалниот сајт потврдија дека се е договорено со Халанд и дека на крајот од сезоната и официјално ќе биде претставен како ново засилување на англискиот клуб, што значи дека Габриел Жесус е вишок напаѓач на „Етихад“.

 

Неговиот трансфер секако би го олеснил пласманот на Арсенал во Лигата на шампионите, за кој се уште се борат „топчиите“, но без разлика на конечниот исход од оваа сезона, поточно дали „топчиите“ изборија пласман во Лигата на шампионите, Габриел Жесус речиси сигурно ќе биде нов жител на Емиратите.

 

Се зборуваше и за можен трансфер на Габриел Жесус во Барселона, но Арсенал беше побрз и поконкретен во текот на целата приказна.