Пропадна „сигурниот“ трансфер на Жоао Палиња од Фулам во Баерн Минхен , информира новинарот Фабрицио Романо.
Очекувањата беа Палиња да лета од Лондон за Минхен, каде што ќе потпише како фудбалер на Баварците. На крајот, трансферот не се реализираше бидејќи „Котаџерите“ слушнаа НЕ од Манчестер Јунајтед за Скот Мектомини, кој требаше да биде доведен како замена за Португалецот.
Романо информираше и дека се е договорено помеѓу Баерн и Фулам. Баварците дури се согласија да платат повеќе и да ги задоволат лондончани, но договорот на крајот нема да се оствари.
Дефанзивниот играч за врска имаше многу силна сезона за Фулам минатата сезона, забележа 40 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 4 гола. Неговите игри им помогнаа на Котаџерс да завршат на десеттото место во Премиер лигата.
