Италијанските медиуми веќе неколку дена пишуваат за Јувентус кој носи нов напаѓач, а во моментов преговараат на два фронта.
Отпрвин беше напишано дека Един Џеко ќе ја засили „Старата дама“, но кога имаше проблеми во преговорите, Јувентус реши да тргне по Луис Суарез. Уругваецот чека раскин на договорот со Барселона и како што стојат работите, следната дестинација ќе биде клубот од Торино.
Сепак, „La Gazzetta dello Sport“ пишува дека Суарез наишол на интересни проблеми. Имено, Јувентус сака тој да биде регистриран како играч од ЕУ, со оглед на тоа што неговата сопруга е Италијанка.
Тие не сакаат тој да пополни едно од трите места за играчи надвор од ЕУ и сигурни се дека Суарез ќе добие дозвола да биде играч од ЕУ, како што во моментов се случува во Шпанија. Сепак, тие наидоа на неочекувани проблеми поради законот во Италија.
Имено, Суарез не само што може да добие пасош од оваа земја врз основа на неговата сопруга од Италија, туку мора да помине и специјален тест за општо знаење за да добие зелено светло. Се чини дека Уругваецот прво ќе мора да научи некои работи во Италија и дури потоа да потпише за Јувентус.