ФУДБАЛ

Трансферот не е ниту потврден, а Обамејанг веќе тренира со Барселона

Пјер-Емерик Обамејанг денеска го одработи првиот тренинг со Барселона, иако трансферот се уште не е потврден.

Обамејанг вчера пристигна во Барселона и синоќа успешно ги мина лекарските прегледи и го потпиша договорот непосредно пред истекот на јануарскиот рок.

Сепак, Барселона сè уште не го официјализирала неговото пристигнување бидејќи чекаат Ла Лига да ја разгледа целата документација и да ја одобри регистрацијата на Обамејанг.

Габонецот конечно пристигна во Барселона како слободен играч бидејќи Арсенал се согласи да ја прекине соработката, а сега се чека само официјална потврда дека тој е новиот играч на Барселона.

Иако се уште нема официјални најави, Обамејанг веќе се приклучи на тимот на Барселона и денеска го одработи првиот тренинг. На една од фотографиите од тренингот се гледа како Обамејанг тренира покрај Дембеле.

ПОВРЗАНО

Ла Лига