ФУДБАЛ

Траоре и Салах го делат второто место: Најбрзиот играч во Премиер лигата оваа сезона е вистинско изненадување

Премиер лигата е физички најпребирливата лига во светот.

Од сите фудбалски лиги, најмногу пари се заработуваат во ПЛ, но за секоја плата потребно е да се пролее многу пот, со оглед на големите напори што ги бараат натпреварите во Англија.

Во Премиер лигата играат некои од најбрзите играчи во светот, меѓу кои и Мохамед Салах, кој интересно не постигна најголема брзина оваа сезона.

Најбрз оваа сезона за целосно изненадување беше Антонио Рудигер, кој против Брајтон постигна брзина од 36,7 км/ч.

На второ место се Салах и Адам Траоре (во зимскиот преоден рок замина во Барселона) со брзина од 36,6 км/ч.

Брзини над 36 км/ч постигнаа уште тројца играчи и тоа Ибрахим Конате (36,2) од Ливерпул и Оли Воткинс (Астон Вила) и Патсон Дака (Лестер Сити) кои во еден момент истрчаа со брзина од 36,1.

Интересно е што договорот на Рудигер со Челзи истекува за неколку месеци и што Челзи поради санкции не се во можност да ја продолжат соработката со него.

Германецот во последните години направи значителен напредок и ќе се почувствува неговото заминување од Стемфорд Бриџ. Како негов нов тим се споменува Јувентус.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига