Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, оствари разговори со sвездата на Волверхемптон, Адам Траоре.
Црвените едвај чекаат да го ангажираат овој 24-годишен фудбалер кој привлекува големо внимание заради неговата градба, а се чини дека наскоро би можел да го носи дресот на Ливерпул.
Менаџерот на тимот на „Енфилд“, Јирген Клоп, оствари разговори со шпанскиот фудбалер, кој изрази желба да дојде во Ливерпул, а, наводно, преговорите за трансфер меѓу „црвените“ и „волците“ се во завршна фаза.
Траоре е член на Волверхемптон веќе две години. Тој привлече навистина огромен интерес со неговите настапи, а како што стојат работите, тој ќе игра во Ливерпул следната сезона.
Претходно, овој фудбалер играше за Мидлсборо и Астон Вила, а кариерата ја започна во тимот на Барселона.