Еден од најдобрите фудбалери на Тотенхем, Деле Али нема да игра против Манчестер Јунајтед, за една недела, а причина е неговата објава на социјалните мрежи во време на пандемија со коронавирусот.
Фудбалерот, освен казната од еден меч неиграње, ќе мора да плати и 50 илјади фунти, но ќе мора и да присуствува на предавања за правилно однесување.

Деле Али на својот „Snapchat“ во февруари објави шега за коронавирусот, поврзана со Азијци, а сето тоа на крајот скапо го чинеше. Подоцна тој го избриша видеото, се извини и призна дека сфатил дека ваквите работи не се шега.