ФУДБАЛ

Требаше да го откупат договорот, па преку ноќ ја прекинаа позајмицата: „Тажен сум што ја напуштам Барселона“

Барселона направи неколку промени во играчкиот кадар овој јануари.

Каталонците успеаја да доведат неколку засилувања за продолжување на сезоната, но и да се ослободат од некои играчи кои беа само товар на буџетот на овој клуб.

Сепак, многумина беа изненадени што Барселона реши да ја откаже позајмицата на Јусуф Демир, кој пристигна на позајмица од виенски Рапид непосредно пред почетокот на сезоната.

Демир дојде во Барселона на едногодишна позајмица со опција за откуп на договорот и одигра неколку натпревари додека тренер беше Роналд Куман.

Но, со доаѓањето на Чави тој се загуби од ростерот на Барселона, но најмногу поради клаузулата за учинок. Доколку Демир одигра уште неколку натпревари, Каталонците ќе мораа автоматски да го откупат договорот што вешто го избегнаа.

Барселона на почетокот на јануари реши да ја раскине позајмицата, а Демир се врати во Рапид. Сепак, овој млад фудбалер не крие колку бил разочаран и тажен поради таквата одлука.

„Ја напуштив Барселона тажен, но побогат поради ново искуство. Станав позрел и професионален. Меѓутоа, кога видов дека луѓето во Рапид се среќни што се вратив, набрзо повторно станав среќен“, изјави Демир.

18-годишникот успеа да одигра вкупно девет натпревари во сите натпреварувања во дресот на Барселона, а немаше некој посебен ефект.