ФУДБАЛ

Тренерот на Барса веќе нема трпение: Валверде го казни Дембеле

Играчите на Барселона вечерва играат против Бетис во 12. коло од шпанската Ла Лига. Се очекува Ернесто Валверде да изведи нешто поразлично на теренот, а најголемото прашање е кој ќе игра на крилните позиции.

Тренерот на каталонскиот клуб Ернесто Валверде е во мала неволја со повредените играчи. Тој за овој натпревар не може да смета на Филипе Кутињо, додека Лионел Меси се уште е под прашање, но се очекува дека барем ќе биде на клупата за резервни играчи.

Проблемот за тренерот на Барсе е крилната позиција на која, според сè, шансата на крајот ќе му биде дадена на Малком. Дембеле се опорави од проблемите во стомакот, но младиот француски играч не е на листата за вечерашниот натпревар.

Шпанските медиуми објавија дека Валверде на овој начин одлучил да го казни Дембеле за неправилно однесување во последно време. Дембеле поради проблемите во стомакот не каже дека во четврток ќе го напушти тренингот и загрижи сите, а на следниот тренинг задоцни.

Валверде беше лут поради тоа што Дембеле дури не пријави дека е болен, но исто така и поради тоа што не ги послуша советите на докторите на Барса. Тие го советуваа што да направи за да поминат проблемите со стомакот, но очигледно е дека тој навистина не ги слушал. Тој исто така рече дека не може да одговори во четвртокот, бидејќи неговиот мобилен телефон беше исклучен поради батеријата.

„Исфрлен си поради твоето однесување и твојот став. Размисли за својата иднина“, рече еден од асистенти на Валверде, на Дембеле.

Натпреварот Барселона – Бетис започнува во 16:15 часот.

ПОВРЗАНО

Ла Лига