Тренерот на Барселона, Сетиен, се пожали дека судиите не судеа правилно во победа од 2:1 над Хетафе во саботата попладне.
Барса победи благодарение на головите на Антоан Гризман и Серџи Роберто во тешкиот натпревар на „Камп Ноу“.
Сетиен и неговиот колега Бордалас не се поздравувија еден со друг пред мечот бидејќи имаше тензија меѓу нив.
„Натпреварите се играат на теренот“, рече Сетиен.
„Направија 29 фаули, но добивме жолт картон повеќе од нив“, додаде тој.