Тренерот на Барселона, Сетиен смета дека в недела „Ел Класико“ е поважен за Реал Мадрид од неговата екипа.
Барселона доаѓа на средбата во „Сантијаго Бернабеу“ како лидер на Ла Лига за два бода повеќе од Реал.
„За мене тоа е клучен натпревар, можеби не одлучувачки, но поважен е за нив отколку за нас, затоа што ако победиме тогаш ќе заминеме за пет бода“, рече Сетиен.
Екипата на Зинедин Зидан доаѓа на оваа средба во лоша форма по двата последователни порази против Леванте минатиот викенд и против Манчестер Сити во Лигата на шампионите.
Загубата вечерва ќе биде голем удар врз Реал во трката за титула во Шпанија.