Тренерот на Барелон, Кикe Сетиен, верува дека неговиот тим сепак може да го освои првенството.
Со лоша игра подоцна во сезоната, каталонскиот тим ја загуби предноста пред Реал Мадрид, а „Кралевите“ се на голема предност од четири бода на четири кола пред крајот на првенството.
Сепак, Барселона не се откажува и Сетиен верува дека се уште има надеж за освојување на титулата.
“Ние мора да сториме сè што можеме. Секако дека сè уште сме во игра за да ја освоиме Ла Лига. Математиката така вели. Се надевам дека до последниот ден”, рече Сетиен.
Меѓутоа, прашањето е дали Сетиен ќе седне на клупата на каталонските гиганти следната сезона. Неговото заминување се споменува сè повеќе, и нема сомнение дека тоа ќе се случи доколку Барса не ја освои титулата.
Барселона ќе го игра следниот натпревар против градскиот ривал Еспањол, додека Реал на домашен терен ќе биде домаќин на Алавес.