Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, на вчерашниот меч против Удинезе го постигна својот осми погодок оваа сезона во дресот на Џенова. Иако губеа со 2:0, сепак на крајот Пандев и дружината успеаја да останат непоразени. Израмнија на 2:2, а стрелец на еден од головите беше токму Горан Пандев.
По мечот Давиде Никола, тренер на Џенова имаше само пофални зборови за него, па дури го спореди и со Кристијано Роналдо.
-Горан Пандев е роден шампион, способен да го смени текот на секој натпревар. Тој е за Џенова тоа што е Кристијано Роналдо за Јувентус, вели тренерот на Џенова.
Гранде #Pandev го здрма и Удинезе!
Класата е вечна!#UdineseGenoa pic.twitter.com/g6E8qA5WPz— Footbla (@FootblaDigital) July 5, 2020