Тренерот на Еибар Хосе Луис Мендилибар, во пресрет на мечот со Барселона изјави дека не верува дека Лионел Меси ќе го пропушти натпреварот. Иако имаше „густа“ недела и доста силни мечеви, сепак не е сигурно дали ќе го одигра дуелот од 25.коло од шпанската примера.
Не верувам дека ќе го пропушти мечот. Тој одмора за време на играта, бидејќи знае кога да се мобилизира, а кога да се штеди. Тој повеќе ќе страда од трибините, вели Хосе Луис.
Барселона утре во 16 часот го пречекува Еибар.