Трагедија се случи на тренинзите на младинските категории во ФК Јагодина.
На вчерашниот тренинг молња го погоди тренерот на младинските категории на ФК Јагодина околу 19 часот, а на овој тренер веднаш му беше укажана помош.
Потоа тој веднаш бил пренесен во Општата болница во Јагодина, а според директорот на болницата, лекарите се борат за неговиот живот.
Во моментот кога удри молњата, на теренот имаше неколку помлади категории на овој клуб, но никој не беше повреден.