По победата од 3:2 против Црвена Звезда во квалификациите за Лигата на шампионите, тренерот на Макаби Хаифа, Барак Бахар изјави дека неговиот тим може да игра во Европа и тоа го покажа во средата навечер.
Натпреварот во Израел беше доста необичен. Двапати имаше пресврт бидејќи еднаш водеше Макаби, потоа поведе Звезда, а потоа повторно Макаби. Тренерот Барак Бахар смета дека неговиот тим можел подобро.
„Почнавме добро, постигнавме гол и можевме да постигнеме уште еден. Натпреварот доби луд ритам и на крајот можевме да постигнеме уште еден гол со што ќе го зголемиме водството за реваншот. Импресивен натпревар, но ова е само прво полувреме, второто ќе биде многу потешко, но веруваме дека можеме“, изјави тренерот на израелскиот шампион.
Имаме шест дена да се подготвиме, за жал имаме натпревар во првенството и мораме да направиме се за да го добиеме“. На полувремето им кажав на играчите дека зависи од нив, или играте тактички или напаѓате и земете ја судбината во свои раце. овој тим покажа дека може да игра со силни екипи од странство. „Сигурно, тие имаат луда атмосфера и со навивачите се многу силен тим“, додаде тренерот Барак Бахар.