Борусија Дормунд забележа напорна победа на гостувањето кај Фортун во 31. коло од Бундеслигата вчера.
Милионерите славеа со резултат 0:1 и со тоа теоретски останаа во игра за титулата, а во пракса само ја одложија новата шампионска прослава на Баерн.
Победничкиот гол го постигна Халанд во судиското надополнување на натпреварот, а истиот знаеше да го прослави и тренерот на Борусија, Лусен Фавре.
Фавре скокна од среќа кога Халанд постигна гол, но бурната прослава го чинеше повреда – веројатно полесна. Имено, еден момент откако скокна со кренатите раце, Фавре осети болка во левата нога. Секако, ТВ-камерите снимија сè …
https://youtu.be/ChLGmp6naVg