Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел го пофали бразилецот Нејмар.
Нејмар беше близу да го напушти Париз минатото лето, но на крајот остана во ПСЖ и, и покрај тврдењата дека бил многу несреќен и немотивиран, се случи спротивното.
Бразилецот игра одлично, во последно време станува клучен играч во францускиот шампион, а тоа го гледа и самиот тренер Тухел.
“Постојат многу зборови што можат да го опишат Нејмар. Тој е клучен играч за нас. Тој затвора слободен простор, работи на одбрана. Тој е лидер на тимот и мислам дека ова е негово време”, рече Тухел, додавајќи:
„Верувам дека фудбалот се заснова на тимска игра. Напаѓаме заедно и се браниме заедно. Ние сме опасен тим, ако тоа е она што сакаме да бидеме. Вие не можете да освоите големи титули додека не станете тим“
Оваа сезона Нејмар има одиграно 12 натпревари во лига и има 11 гола и пет асистенции.