Македонскиот фудбалер Дарко Чурлинов доживеа несекојдневен момент во дресот на Шалке против Регенсбург. Неговиот тим преку пресврт победи со 2:1, а Чурлинов во игра влезе во 62-та минута, но тренерот одлучи да го извади во 80-тата.
Тренерот на германскиот гигант Шалке, Димитриос Грамозис јавно му се извини.
„Сакам да му се извинам на Дарко. Знам колку лошо е експресно да бидете заменети откако ќе влезете во игра, но сето тоа беше само со една цел – тимскиот успех, рекол Грамозис.
Чурлинов многу мирно ја прифати замената и ладнокрвно го напушти теренот откако тренерот реши наместо него да го стави Флоријан Флик .