Золт Лоу, помошник тренер на ПСЖ, објасни зошто Нејмар често се тркала по теренот откако ќе е фаулиран.
Бразилецот често е предмет на потсмев поради тоа, а помошникот тренер на ПСЖ Золт Лоу објасни за Билд дека не станува збор за глума, туку дека Нејмар има проблеми со стапалата.
“Нејмар има неверојатно чувствителни стапала. Кога и да го удрат, чувствува огромна болка”, изјави Лоу за Билд и продолжи:
“Тој е многу добра и отворена личност. Секако дека понекогаш се однесува арогантно и ако биде фаулиран, ќе сака да го надмудри тој играч во првата можност. Тоа е неговиот одговор на тоа”, истакна Лоу.
Нејмар имаше бројни проблеми со повредите во текот на целата своја кариера. Неговите нозе честопати биле оштетувани, па можеби има некоја вистина во зборовите на Лоу.