ФУДБАЛ

Трет пат денес: Реал потврдува уште една повреда

Реал Мадрид денес веќе потврди дека Еден Азар и Марсело се здобиле со повреди. Белгиецот претрпе делумна фрактура на коската на сглобот, додека Бразилецот се здоби со повреда на листот.

Поради споменатите повреди, Азар и Марсело ќе го пропуштат и „Ел Класико“, кој се игра на „Ноу Камп“ на 18 декември.

Реал Мадрид сега потврди дека е повреден и Герет Бејл.

Бејл го повредил бутниот мускул, но за разлика од Азар и Марсело, Велшанецот не би морал да паузира подолг период. За него се верува дека ќе одмори следната недела за да избегне влошување на неговата повреда.

Значи, Герет Бејл треба да биде подготвен за „Ел Класико“, но ќе ги пропушти претстојните натпревари против Еспањол и Клуб Бруж. Исто така е под прашалник за натпреварот против Валенсија.