За фудбалската фанатичност на Германците не треба да трошиме зборови. Тоа досега се докажало во безброј наврати, па денешните фотографии од славниот стадион „Фриц Валтер“ во Кајзерслаутерн никого не чудат. И не оставаат рамнодушен.
Кајзерслаутерн, поранешниот шампион на Германија, денеска го почна својот третолигашки живот и тоа со дерби пресметка со уште еден великан, Минхен 186. Два гиганти кои тонат денеска се сретнаа во првото коло од Драјте (третата лига), а култниот стадион собра дури 40.000 навивачи.
sport1.mk