Од италијанските медиуми доаѓа вистинска „бомба“, според весникот „Ил Жорнале“, претседател и извршен директор на „LVMH Moët Hennessy – Louis Vuitton “, најголемата компанија за луксузни добра, одлучила да инвестира дел од своето богатство во фудбалот.
Секако, за оваа комбинација се зборуваше минатата есен, но веројатно неодамнешната пандемија на коронавирус ги смени и ги одложи плановите на овој моден гигант.
Бернард Арнаул е трет најбогат човек во светот чии средства се проценуваат на неверојатни 113,1 милијарди американски долари, а во наредните 12 месеци треба да го преземе Милан од групата „Елиот Менаџмент“ што е сопственик на сопнатиот италијански гигант. По заминувањето на италијанскиот бизнисмен Силвио Берлускони, Милан помина низ тешки денови, ги смени сопствениците, па дури и големите инвестиции не донесоа никаков напредок во однос на резултатите. И оваа година ’росонерите’ не освоија место во ЛШ, а последниот голем трофеј го освои во 2011 година кога Милан беше италијански шампион.
Оттогаш, Јувентус доминира (девет титули по ред) на Апенинскиот Полуостров, а Милан веќе не е конкурентен во Европа.
Кога Арнаул ќе го превземе Милан, италијанските медиуми тврдат дека веднаш ќе ги почестат навивачите со сензационален трансфер и ќе го купат напаѓачот Калјан Мбапе од ПСЖ, бидејќи парите не му се проблем, пишува „Тпортал“. Но, тоа не е сè, освен 21-годишниот фудбалер кој е предодреден за Златната топка, навивачите на Милан ќе добијат уште еден скап подарок од богатиот Французин, затоа што ќе се обидат да го купат тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола. Милан конечно би можел да се врати во игра.