ФУДБАЛ

Три гола за шест минути и триумф на Атлетико против Леванте

Атлетико Мадрид го совлада Леванте во 19. коло од Ла Лига на домашен терен.

Интересно е што сите голови на овој натпревар паднаа во периодот од 13 на 18 минути, а на крајот домашната екипа освои три поени.

Атлетико го отвори резултатот во 13 минута. Кореа постигна гол за 1-0, но гостите во 16. минута вратија за 1:1.

Со брилијантен гол, Атлетико повторно стигна до водство. Фелипе две минути подоцна постигна за 2-1, а навистина беше тешко да се очекува тој резултат да трае до крајот на натпреварот.

Резултатот остана ист до крајот. Иако шанси имаше од обете страни, разултатот остана 2:1 и Атлетико се врати на третото место со нови три бода.

Ла Лига, 19-то коло:

Атлетико – Леванте 2:1

Валенсија – Еибар 1:0

Хетафе – Реал Мадрид 0:3

 

 

ПОВРЗАНО

Ла Лига