Јувентус вечерва ќе ја пречека Џенова во 21:00 часот, и ќе се обиде да се врати на врвот на табелата по ремито 1-1 против Лече минатата недела.
Бјанконерите ќе се обидат да се вратат на врвот, бидејќи Интер триумфираше над Бреша и го превзеде лидерството во Серија А со два бода повеќе од „Старата дама“. Сари го објави списокот на фудбалерите за денешната средба.
Враќањето за Кристијано Роналдо, кој се до последен момент не се знаеше дали ќе игра, се чини дека е едно од нај добрите нешта во моментов за Сари, покрај Роналдо се врати и Даглас Коста заедно со Ремзи.
Голмани: Шчесни, Пинсољо, Буфон.
Дефанзивци: Де Шиљо, Де Лихт, Алекс Сандро, Данило, Бонучи, Ругани, Демирал.
Среден ред: Кедира, Ремзи, Матуиди, Емре Џан, Рабиот, Бентанкур.
Напад: Роналдо, Дибала, Даглас Коста, Квадрадо, Бернардески, Оливиери.