ПСЖ одлучи да се ослободи од еден клан, тврди „Л’Екип“.
Јавна тајна е дека во ПСЖ има неколку кланови кои ја расипуваат атмосферата во тимот, а некои играчи ги ставаат на милост и немилост.
Според „Л’Екип“, „Паркот на принцовите“ одлучил да се ослободи од сите аргентински фудбалери освен Лионел Меси.
Така, на крајот на сезоната тимот ќе го напуштат Анхел Ди Марија, Муаро Икарди и Леандро Паредес.
Ди Марија веќе одлучи да го напушти ПСЖ, а сега доби јасна порака дека повеќе не се смета на него во францускиот клуб.
https://twitter.com/hadrien_grenier/status/1516150014518743049
Паредес и Икарди, пак, се поканети да го напуштат клубот и да бараат нова средина.
Заминувањето на Ди Марија секако ќе биде хендикеп, бидејќи тој е секако еден од најдобрите играчи во тимот, додека Паредес и Икарди секако се заменливи.
Ди Марија во ПСЖ пристигна пред седум години, а на крајот од сезоната ќе си замине како слободен играч по истекот на договорот.
Икарди и Паредес беа платени 100 милиони евра заедно и бидејќи не ги оправдаа вложените пари, може да се класифицираат како неуспешни.