Фудбалерот на Баерн, Џошуа Кимих треба да замине на позајмица во еден од клубовите до крајот на јануари, каде би имал поголема минутажа.
Имено, тој сака да игра, и апелираше до тренерот да го пушти на позајмица за да добие минутажа, па дури и повеќе искуство.
Три клуба од различни лиги се заинтересирани за неговите услуги. Тоа се Ајнтрахт Франкфурт, Евертон и Парма.
Челниците на Ајнтрахт се добро запознаени со неговите квалитети, бидејќи се од иста лига, така што можеа да ја следат неговата работа и развој.
Од друга страна, скаутите на Парма и Евертон го забележаа овој фудбалер, а овие клубови исто така се заинтересирани да го донесат.