Колку натпревари од англиската ПЛ ќе се одиграат на 26.12. првиот ден од Boxing day? Прашање на кое одговорот веројатно нема да го знаеме до недела напладне.
Претходно беа одложени три натпревари и тоа Ливерпул – Лидс, Вулверхемптон – Вотфорд и Барнли – Евертон.
Во прашање се уште два натпревари и тоа Тотенхем – Кристал Палас и Вест Хем – Саутемптон.
Новиот омикрон сој на коронавирус предизвика тотален хаос во Англија, а ФА се обидува максимално да ја почитува традицијата на Boxing day, но се чини дека е во прашање виша сила.
Она што е сигурно е дека во недела ќе се играат три натпревари, нема да има одложувања на колото, а во четири професионални лиги во Англија се одложени вкупно 23 натпревари кои требаше да се одиграат во недела на 26 декември.
Хаос е можеби нежен збор за да се опише она што се случува во Англија.