Откако поминаа три месеци по приведувањето на Ангел Марија Вилјар за корупција, шпанската фудбалска федерација вчера ја доби својата прва „жртва“ откако Хаун Луис Лареа е превзеде претседателската функција, на сето тоа се предизвикаа реакции на Пиринеите затоа што отказ доби главната меѓу нив.
Марија Клармунт беше задолжена за маркетингот на репрезентацијата и имаше улога како директор на селекцијата, но беше ослободена од работните обрвски во текот на вчерашниот ден.
Во тимот има 3 играчи кои ова тешко го прифатија а тоа се: Серхио Рамос, Жерард Пике и Серхио Бускетс а како што тврди мадридската „Марка“, овие ѕвезди испратиле сериозна закана до федерацијата во која нагласиле дека ќе ја напуштат репрезентацијата доколку Марија не биде вратена.