КОШАРКА

Трибината се сруши за време на натпреварот во Египет

За време на кошаркарскиот натпревар Ал Ахли – Ал Итихад за Суперкупот во Египет, трибината се срушила, а според локалните медиуми повредени се десетици гледачи.

Ал Ахли во салата „Хасан Мустафа“ се сретна со Ал Итихад од Александрија, а натпреварот беше прекинат на крајот од третата четвртина при резултат 66:45 за гостите.

По инцидентот играчите на двата тима одбиле да го довршат натпреварот, што резултирало со одлука да се прекине во моментот кога лекарите влегле во салата за да ги санираат повредените.

Министерството за здравство соопшти дека во салата е испратено 21 возило на брза помош, а повредени се 27 лица.

Нема информации за причините за пропаѓањето на трибината, а натпреварот ќе биде завршен подоцна.

https://twitter.com/eltomahawk3/status/1606747565919199234?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1606747565919199234%7Ctwgr%5E76574f9b3756a25d4d6e95298434b78a38675272%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Frs.n1info.com%2F%3Fp%3D10616135