Најдобрата македонска репрезентација утре се среќава со Ерменија, во последениот натпревар во Лигата на Нациите, а нашата репрезентација и со нерешен резултат обезбедува пласман во Б-Лигата на ова натпреварање. Фудбалерите вечерва тренираа на “ГСП Стадиум” во Никозија.
Напаѓачот, Тричковски смета дека се доволно мотивирани.
„Атмосферата е одлична и на највиско ниво, мотивацијата никогаш не ни недостасувала, не краси тоа, индивидуално и тимски сме мотиварни, на утрешниот натпревар ќе докажеме дека можеме, ќе направиме се да забележиме добар резултат. Се чуствувам поконфорно, како на овој стадион како и на секој друг. Сега имаме дополнителна мотивација, неам публика но имамаме императив – прво место”, изјави Тричковски.
Поради воената сојстојба во Ереван, Ерменија ја пречекува Македонија во Никозија, а средбата се игра во среда со почеток од 18:00 часот.
ФОТО: ФФМ