Македонскиот интернационалец Иван Тричковски останува во АЕК Ларнака, соопшти кипарскиот тим на својата интернет страница. Како што соопшти клубот Тричковски имал разбирање за финансиската ситуација, предизвикана поради Ковид 19 и одлучил да ја продолжи соработката.
Тричко во АЕК Ларнака е од пред четири и пол години. Одиграл 163 мечеви за тимот, постигнал 67 голови во првенството, 10 во Купот и 20 голови во европските настапи, па поради тоа е најдобар стрелец на АЕК Ларнака на европската сцена.