Вардар ја освои двојната круна оваа сезона откако денеска по 15. пат го крена трофејот од Купот на Македонија. Последната епизода од дербито меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер донесе уште една ракометна драма, овојпат во салата „Јасмин“ во Кавадарци.
Голот за победа го постигна Талевски за конечни 23-22 за Вардар и нов пехар во најмасовното натпреварување.