ФУДБАЛ

Трофејот во Лигата на шампионите, а потоа и Златната топка?

Многумина се надеваат дека Садио Мане (30) би можел да ја освои Златната топка оваа година.

Сенегалецот е во одлична форма, а во неколку наврати беше сериозен кандидат за ова признание.

Синоќа тој го постигна својот втор гол во победата на Ливерпул над Виљареал од 2-0, негов 20-ти во сезоната.

Неговиот тренер Јирген Клоп истакнува дека е одличен играч, но дека не разбира колку се точни номинациите за оваа награда.

Тој јасно кажа дека Мане треба да освои нешто, во случајов Лигата на шампионите.

„Ако не сте Меси или Роналдо, тогаш треба да ја освоите Лигата на шампионите. Сè уште не сме го направиле тоа. Дајте ни неколку недели, ќе видиме до каде ќе стигнеме. Садио секогаш бара да му помогне на тимот, го сакаме тоа најмногу од се“, додаде Клоп.

Мане пристигна во Ливерпул од Саутемптон во 2016 година.