Белгискиот напаѓач Дрис Мертенс ќе биде барана роба во јануарскиот трансфер период.
Мертенс во дресот на Наполи игра друга феноменална сезона, а со оглед на тоа што не беше во најдобри односи со претседателот на клубот Аурели Де Лаурентис во последно време, тој треба да биде еден од играчите што треба да ја напушти оваа зима.
Мертенс нема да има проблем да најде нов клуб, туку напротив. Според „Калчомеркато“, услугите на овој напаѓач со голема брзина ги за интересираат тројца европски великани, имено Арсенал, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.
Тешко е да се каже која од овие три опции би била најдобра за искусниот фудбалер, но јасно е дека тој ќе биде на слатки маки.
Ова се само шпекулации, а шпекулациите за неговата судбина најдобро ги илустрира фактот дека информациите беа објавени пред неколку дена, дека тој може да ја продолжи соработката со Наполитанците.
Значи, во неговиот случај се е можно, и ќе го добиеме епилогот на приказната веќе во јануари, кога ќе видиме колку е сериозен во намерата да замине или да остане.
Патем, 32-годишниот играч има одиграно 21 натпревар во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи девет гола и четири асистенции.