Сите ја посакуваа седуката на Роналдо по вчерашниот натпревар.
Кристијано Роналдо во саботата го имаше своето второ деби за Манчестер Јунајтед. Се врати на „Олд Трафорд“ за прв пат од 2009 година со стил.
Португалецот постигна два гола во победата од 4-1 над Њукасл, а гостинските фудбалери беа импресионирани од Роналдо, што некои водеа жестока битка за неговиот дрес на крајот од натпреварот.
Британските медиуми наведуваат дека Џамал Ласелс, Исак Хајден и Жоелингтон биле во жестока дебата за дресот на Роналдо, но не е познато кој на крајот го разменил дресот со sвездата на Јунајтед.
Роналдо играше на овој стадион од 2003 до 2009 година, па вели дека е пресреќен што повторно има можност да слави пред навивачите на Јунајтед.
“Моето враќање на Олд Трафорд е само потсетник зошто овој стадион е познат како Театар на соништата. За мене отсекогаш било неверојатно и магично место каде што можам да постигнам се. Заедно со соиграчите и неверојатната поддршка од која секогаш добиваме на трибините, се соочуваме со доверба и оптимизам со предизвици што сите на крајот ќе ги прославиме“, рече Роналдо, додавајќи:
„Горд сум што се вратив во Манчестер Јунајтед и среќен сум што можам да му помогнам на тимот“, напиша Роналдо.
Веќе во вторник, Јунајтед ќе игра против Јанг Бојс во првиот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите.