Раководството на Барселона ги прави сите можни обиди да го засили тимот за следната сезона. Каталонците се во незавидна финансиска ситуација и ќе настојуваат да привлечат претежно слободни играчи.
На „Камп Ноу“ се насочени тројца играчи од средниот ред во Бундеслигата. Заедничко им е тоа што договорите им истекуваат на крајот од сезоната.
Барса е заинтересирана за Корентин Толисо од Баерн, Денис Закарија од Борусија Менхенгладбах и Аксел Витсел од Борусија Дортмунд, според RAC1.
Сепак, проблем за Каталонците е фактот што интерес за тројцата за кои станува збор пројавуваат голем број други европски великани.