ФУДБАЛ

Тројца лути ривали водат голема битка за Депај

Мемфис Депај е во групата звучни имиња чиј договор истекува за неколку месеци и може да се донесе без надоместок.

Депаја го бараат многу клубови, а тројцата најголеми Италијанци водат голема битка да го ангажираат одличниот Холанѓанец.

Француските медиуми пренесуваат дека Милан, Интер и Јувентус покажале сериозен интерес за холандскиот репрезентативец.

Тројцата великани од Апенините се изедначени оваа сезона и сигурно Депај ќе мора да изббере кој клуб да го избере.

Инаку, овој 26-годишник игра одлично во дресот на Лион кој е прв на табелата во Лига 1. Тој досега има постигнато десет гола во лигата.