Шпанскиот стопер Серхио Рамос ќе стане слободен агент на лето, откако ќе му истече договорот со Реал Мадрид.
Рамос е во последната година од договорот со Реал, а наводно Кралевите немаат прекумерна желба да ја продолжат соработката бидејќи стоперот има 34 години. Го чека ПСЖ, кој му нуди богат договор, но и неколку други европски екипи.
Наводно, заинтересиран е и Јувентус, но и двата клуба од Манчестер – Сити и Јунајтед. Сите тие се подготвени да ги задоволат барањата на Рамос.
Реал му понуди на Рамос нов двегодишен договор со 20 проценти помала плата, но Рамос сака тригодишен договор и неговата плата да остане на 12 милиони евра по сезона.
Затоа, според различни шпански медиуми, постои голема шанса Рамос и Реал да раскинат следното лето по 15 години, а играчот ќе може да избере каде ќе игра.