Германскиот тим Келн потврди дека тројца членови на нивниот тим се позитивни на Ковид-19. Сепак, како што соопштуваат не планираат да го прекинат тренажниот процес.
„Три лица се позитивни и сите се без симптоми. По проценката на одговорните здравствени власти, решивме дека заразените ќе одат на две недели во домашна изолација. Другите играчи продолжуваат да тренираат во групи“.
Оваа одлука ја шокираше германската , не само спортска јавност.
Фудбалските клубови во земјата се вратија на тренинзи, но владата оваа недела ја одложи одлуката за продолжување на Бундеслигата.
Според германските официјални податоци, 164.000 луѓе биле заразени со коронавирус во таа земја, додека околу 6.700 починале од оваа болест.
Иако се очекуваше Бундеслигата да продолжи на 9-ти мај, сепак германската канцеларка Ангела Меркел ја смени одлуката и рокот го продолжи најмалку до 16-ти мај.
Club statement: "FC Koln's training can continue as planned, according to the hygiene and infection control measures that have been in place since April 6 in group training." https://t.co/OMo3q6ze5e
— Anthony Joseph (@AnthonyRJoseph) May 1, 2020