Тренинг-базата на Манчестер Јунајтед во беше затворена во последните денови откако се појавија неколку случаи на коронавирус во тимот.
Дуелите на Манчестер Јунајтед со Брентфорд и Брајтон беа откажани бидејќи клубот остана со само седум играчи на располагање, додека повеќето играчи заедно со стручниот штаб беа заразени со вирусот.
Играчите добија зелено светло да се вратат на тренинзите за да се подготват за натпреварот со Њукасл следниот викенд, но не дојдоа сите.
Пристигнаа тројца првотимци Лук Шо, Џеси Лингард и Мејсон Гринвуд, но по само 10 минути го напуштија тренинг центарот и се вратија дома.
Маркус Рашфорд, Рафаел Варан, Скот Мектоминај, Фред и Хуан Мата беа исто така меѓу играчите кои се појавија денеска, како и Хари Мегваер.
На денешниот тренинг не беа забележани Кристијано Роналдо, Дони ван де Бик, Пол Погба, Диого Далот, Џејдон Санчо, Фил Џонс, Том Хитон и Дин Хендерсон.