ФУДБАЛ

Цел фудбалски свет пишува за Салихамиџиќ: „Тоа беше срамен потег од него“ (ВИДЕО)

Баерн синоќа испадна од Лигата на шампионите во четвртфиналето од Виљареал, иако беше апсолутен фаворит во овој дуел.

Веројатно ниту најжестоките навивачи на Виљареал навистина не очекуваа нивниот клуб да победи во дуелот со Баерн и да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите, но Жолтата подморница успеа да го шокира фудбалскиот свет.

Виљареал победи со 2:1 вкупно, и се пласираше во полуфиналето, каде ќе се соочи со Реал Мадрид.

Сепак, главна тема на фудбалската јавност денеска е спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ, кој беше мета на критики откако во фокусот беше видео создадено при извлекувањето на четвртфиналните парови.

Кога беше извлечена двојката Баерн-Виљареал, тој се насмеа и очигледно беше воодушевен што германскиот клуб доби толку „лесен“ противник.

Денеска фудбалската јавност во Европа брмчи за смеата на Салихамиџиќ, а многумина го осудија спортскиот директор на Баерн за ваквото потценување на противниците.

Неславната снимка покажува како Баерн се смееше на извлекувањето на Виљареал“, пишува англиски SportBible.

Видеото на кое Салихамиџиќ се смее стана хит на социјалните мрежи, а дел од реакциите погледнете ги во продолжение.

https://twitter.com/RedCacheONLY/status/1514192044230516737