Хрватска е во полуфинале. Каква вечер за “Коцкестите”. Преку Бразил до четирите најдобри во светот.
Покажаа карактер особено ако се знае дека прв поведе Бразил во 105-та минута преку Нејмар. За драмата да биде уште поголема се погрижи Петковиќ во 117-та минута. Следуваа пенали. За Хрватска погодија Влашиќ, Мајер, Модриќ и Орсшиќ, Ливаковиќ одбрани пенал на Родриго, Маркињос погоди статива, Касемиро и Педро погодија. Следуваше делириум на Хрватите, а солзи кај Бразилците.