На последниот тест беше потврдено дека еден од помошниците тренери во репрезентацијата на Исланд бил позитивен на коронавирус.
Поради тоа, целиот стручен штаб на оваа репрезентација мораше да биде изолиран, а тие нема да можат да присуствуваат на натпреварот против Белгија.
Барем така тврдат белгиските медиуми, но бидејќи никој од играчите не е позитивен, играњето на натпреварот не треба да биде доведено во прашање.
Меѓутоа, доколку се случи такво нешто, секако, луѓето што го водат натпреварот ќе го кажат последниот збор.