ФУДБАЛ

Целта на Милан и Наполи одлучи: Сакам да останам во Салцбург

Доминик Собослаи, млад фудбалер кој се поврзува со Милан и Наполи во последните неколку месеци, изјави дека сака да остане во Салцбург барем уште една сезона.

19-годишниот унгарски играч од средниот ред се чини дека ја донесе одлуката, а тој зборуваше за тоа за веб-страницата на клубот во Салцбург.

“Разговарав со семејството и со менаџерот. Сакам да играм уште една сезона во Лигата на шампионите со Салцбург”, изјави младиот играч од средниот ред.

Патем, Собослаибеше доведен во Салцбург во јануари 2018 година од Лиферинг.