ФУДБАЛ

Цената на акциите на клубовите се намали како резултат на коронавирус

Европските клубови кои ги пласираа своите акции на меѓународната берза доживуваат проблеми поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус.

Акциите на Јувентус паднаа за 21,16% во март. Сепак, одлуката на клубот да ги намали платите на играчите делумно го компензира негативниот ефект, објави „Марка“.

Исто така, страдаше и Манчестер јунајтед – нивните акции паднаа за 11,06% во текот на месецот.

Во Бундеслигата, Борусија Дортмунд имаше проблеми – нивната цена на акциите падна за 36,76 %.

ПОВРЗАНО

Бундеслига